Оланд: Сириската опозиција е единствен легитимен претставник на народот на Сирија

Од:

Сириската опозиција нема ништо заедничко со екстремистите, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по средбата во Париз со новиот лидер на опозициската Сириска национална коалиција Ахмад Џарба.

– Сириската опозиција се бори против режимот на Башар Асад и нема ништо заедничко со екстремистите кои ја злоупотребуваат ситуацијата за свои цели, изјави Оланд.

Тој изрази уверување дека Франција ќе продолжи да ги поддржува опозициските сили и истакна дека за Париз Сириската национална коалиција, е „единствен легитимен претставник на сирискиот народ“.

Оланд додаде дека Франција останува на позицијата да не се меша со воени средства во сирискиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски