Оланд ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Мали

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд ќе замине за Мали, да присуствува на церемонијата на стапување на должноста на новоизбраниот претседател Ибрахим Бубакар Кејта, предвидено за септември, соопштија француските медиуми.

Оланд му честита на Кејта за неговата победа на претседателските избори во неделата и го увери дека Париз ќе продолжи со својата поддршка за неговата земја. Франускиот претседател го пофали малискиот народ за тоа што активно учествуваше во гласањето и на тој начин ја изрази својата длабока преданост кон демократијата.

Тоа што се случи од почетокот на француската воена интервенција, на 11 јануари 2013 година, до изборот на новиот малиски претседател, е успех за мирот и демократијата. Но, оттука во иднина треба да се направи се што е можно за успешен крај на преодот, за дијалогот и за развојот на Мали , се наведува во коминике на Елисејската палата.

Оланд на 2 февруари годинаава на неколку часа го посети Мали, три недели по почетокот на француската воена интервенција во оваа африканска држава.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски