Оланд и ја честита изборната победа на Меркел

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд веднаш по соопштувањето на резултатите од сојузните избори во Германија и честита на германската канцеларка Ангела Меркел за нејзината изборна победа, јави дописникот на МИА од Париз.

Во синоќешниот телефонски разговор, како што стои во соопштението на Елисејската палата, Оланд и Меркел ја изразиле нивната определба „да продолжат да работата неуморно на приближувањето на Франција и Германија и да ја продолжат тесната соработка за да  ги надминат новите предизвици на европската изградба“.

При тоа, францускиот претседател ја поканил германската канцеларка да го посети Париз веднаш по составувањето на новата влада за да ги подготват заеднички прашањата кои се поставуваат пред нив, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз