Оланд: Франција ќе го плати „моралниот долг“ кон Хаити

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд вети дека Франција ќе го плати „моралниот долг“ кон Хаити, за време на посетата на оваа карипска држава, која е поранешна колонија на Франција, пренесува Танјуг.

Тоа е прва официјална посета на еден француски претседател на оваа најсиромашна држава во западната хемисфера, каде се уште со горчина се памети како во 1825 година Франција ја принудила да плати отштета на име на добра изгубени за време на бунтот на робовите. Робовите на Хаити во 1804 година прогласиле независност од Франција.

– Не можеме да го промениме минатото, но можеме да ја промениме иднината, изјави вчера Оланд на комеморација во центарот на Порт о Пренс, во близина на претседателската палата разурната во катастрофалниот земјотрес од 2010 година.

Аналитичарите проценуваат дека отштетата од 150 милиони франци, што Хаити ја исплати на Франција во 19 век денеска има вредност од околу 18 милијарди евра. Претседателот на Хаити Мишел Мартели нагласи дека тоа била тешка неправда, што оневозможила Хаити да се развива со иста брзина како и соседните држави.

Францускиот претседател истакна дека неговата држава во следните пет години ќе потроши 130 милиони евра на развој на проекти на Хаити, вклучително 50 милиони евра во образованието.

Оланд, исто така, ги повика Хаити да одржат парламентарни избори планирани за 9 август, што требало да се одржат многу порано. – Демократијата е неопходна за развој на Хаити, истакна францускиот претседател.

За време на посетата на Оланд, група демонстранти носеа транспаренти на кои од Франција бараат почит, како и враќање на долгот. Неколку десетина демонстранти се судрија со полицијата, но не успеаа да го пробијат кордонот.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано