Оланд: ЕУ треба да помогне за забрзување на падот на Асад

Од:

Европската унија треба да помогне за забрзување на симнувањето од власт на Башар ал Асад, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд пред средбата во Брисел со лидерите на земјите од ЕУ.

– За жал таму се води војна. Таа е насочена против Башар ал Асад. Сега треба да се посветиме на целта да го принудиме да си замине што е можно побрзо, изјави Оланд пред новинарите во белгискиот главен град.

Сириската опозициска коалиција е призната од поголемиот број држави за законски претставник на сирискиот народ, истакна тој.

Во предлог заклучната декларација европските лидери наведуваат дека се шокирани од влошувањето на ситуацијата во Сирија и ќе продолжат да дејствуваат приоритетно во однос на неа. Во документот сириската опозиција е означена како легитимен претставник на сирискиот народ.

На почетокот на неделата над 120 земји и меѓународни организации официјално ја признаа коалицијата на состанокот на групата „Пријатели на сирискиот народ“ во Маракеш, Мароко.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски