Оланд: Асад не е добар пример

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека неговиот сириски колега, Башар Ал Асад не е кредибилен партнер во борба против Исламска држава.

Како што пренесе „Франс прес“, тој по состанокот со новоименуваниот про-западен лидер на сириската опозиција Халед Хоџа, рекол дека Асад е главен виновник за страдањата на неговиот народ и порастот на терористичките групи во Сирија.

-Поради тоа тој не е кредибилен соговорник за борба против ИСИС и подготовка за иднината на Сирија- изјавил Оланд.

Францускиот претседател и честитал на Националната сириска коалиција за нејзината иницијатива да започне дијалог со останатите припадници на опозицијата и ја охрабрил да продолжи по тој пат.

Оланд потенцирал дека повторното започнување на Женевскиот процес е единствено решение за обединување на сирискиот народ и искоренување на терористичките групи од оваа држава.

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александат Лукашевиќ рекол дека во Москва во април ќе се сретнат претставниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и сириската опозиција .

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски