Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

Од:

Канцеларот на Германија во заминување – Олаф Шолц со свој коментар по објавувањето на првите резултати од парламентарните избори во Германија.

Тој рече дека ова е „горчлив резултат“, признавајќи ги размерите на поразот.

„Ова е горчлив изборен резултат за Социјалдемократската партија, а во исто време и изборен пораз. Мислам дека можеме да бидеме горди на фактот што толку блиску соработувавме во тешки времиња“, рече Шолц.

Шолц им се заблагодари на сопартијците за вклученоста во кампањата, но и честиташе на ЦДУ/ЦСУ, а особено на Фридрих Мерц, признавајќи дека нивна задача е да ја формираат идната влада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Лидерката на AfD: „Левица“ e партија што сака да пука во богатите

А1он

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски