Оксфорд: Имунитетот на коронавирусот трае најмалку шест месеци

Од:

Имунитетот кој го создава човечкото тело откако ќе се избори со инфекција со коронавирусот трае најмалку шест месеци, соопштија денес научниците од универзитетот Оксфорд.

Тие велат дека ќе продолжат да следат дали претходна инфекција влијае врз сериозноста на болеста, доколку таа се појави повторно. Малку е веројатно дека луѓето кои биле заразени со Ковид-19 може повторно да се инфицираат во рок од шест месеци од првата инфекција, покажуваат податоците на британско истражување спроведено врз здравствените работници.

Истражувањето е добра вест за повеќе од 50 милиони луѓе кои се заразија со вирусот од почетокот на пандемијата, објавија авторите на студијата.

– Ова е навистина добра вест затоа што можеме да бидеме сигурни дека, барем на краток рок, повеќето од оние кои го прележале Ковид-19 нема да се заразат повторно, рече Дејвид Ер, професор од Оксфорд и еден од авторите на студијата.

Според него, инфекцијата со Ковид-19 ги ​​штити повеќето луѓе од повторна инфекција најмалку шест месеци.

– Не најдовме нова симптоматска зараза кај ниту еден од испитаниците кај кои беа пронајдени антитела, додаде тој.

Истражувањето траеше 30 недели, помеѓу април и ноември оваа година.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана