Околу 92% од кражбите од банкомати во Лондон се извршени од Романци

Од:

Околу 92 отсто од сите кражби од банковите апарати за вадење готовина, на територијата на Лондон, се извршени од романски државјани, соопшти денеска Партијата на независноста на Обединетото Кралство (УКИП), повикувајќи се на официјалните податоци на полицијата.

Откривање на овој податок, поврзан со движењето на имиграцијата од земјите од ЕУ, доаѓа по контроверзната изјава на лидерот на УКИП, Најџел Фараж за тоа дека Британците би требало да се загрижени, доколку за соседи имаат романски имигранти, а не, на пример, германско семејство.

Ваквата изјава предизвика бранување во домашната политичка јавност, особено што доаѓа на три денови пред евроизборите, што во Велика Британија ќе се одржат во четврток.

Опозициските лабуристи и нивниот лидер Ед Милибанд ја оквалификуваа изјавата како „расистичка“ додека заменик-премиерот Ник Клег рече дека таа „нема место во современа Британија“.

Фараж денеска призна дека „лошо се изразил“, но не им се извини на Романците и го отфрли обвинувањето од другите партии дека станува збор за расистичка изјава.

– УКИП не е расистичка партија, а ниту јас сум расист, рече Фараж, инсистирајќи дека не е расизам, ако се истакне високиот процент на криминал меѓу романската имиграција.

Во платен оглас во проториевскиот „Дејли Телеграф“ оваа партија порачува дека нема ништо расистичко во настојувањето да се спречат криминалните банди да го „поткопуваат британскиот стил на живеење“. Тоа, според УКИП, е само општа грижа за општо добро.

Оваа најевроскпетична партија во Велика Британија, настојува да ги увери гласачите дека доколку британската Влада се избори, одново да ја има „контролата врз границите“ што сега е префрлена во надлежност на Брисел, со прописите на ЕУ за слободно движење на луѓето и на работната сила, тогаш романските крадци на банкомати не ќе може да влезат во земјата, затоа што ќе бидат подложни на контрола.

УКИП која нема ниту еден пратеник во британскиот Парламент, со својата анти-ЕУ политика, најмногу поради напливот на имигранти од земјите на Унијата, може да предизвика големо изненадување на евроизборите.

Последните прогнози покажуваат дека таа, за прв пат, може да победи, оставајќи ги зад себе сите три главни британски политички партии.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он