Околу 500 лица спасени во Средоземното Море во последните 24 часа

Од:

Околу 500 лица беа спасени во седум спасувачки операции, започнати во Средоземното Море во изминатите 24 часа, од кои четири веќе завршиле.

– Саботниот ден беше генерално мирен, но сега има повеќе раздвижување. Имаше интервенција на брод на „Лекари без граници“, на две единици на крајбрежната стража, на брод на италијанските военовоздухопловни сили и на брод на EUNAVFOR MED”, соопшти италијански претставник.

Операцијата за борба против шверцот на мигранти почна во јуни и вклучува четири бродови, вклучувајќи и италијански носач на авиони, четири авиони и 1.318 војници од 22 европски земји.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он