Околу 500 имигранти се водат како исчезнати по бродска несреќа во Средоземно Море

Од:

Околу 500 имигранти се водат како исчезнати, откако бродот со кој патувале потонал минатата недела во Средоземното Море, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција.

Двајца Палестинци, кои во четвртокот беа спасени во близина на Малта по бродската несреќа, изјавиле дека во во нивниот брод се наоѓале околу 500 лица и дека имигрантите намерно предизвикале бродолом, наведува организацијата.

Италијанските власти започнаа истрага и доколку се потврди информацијата, тоа ќе претставува најсмртоносен бродолом во последните години, најмногу поради фактот што не станува збор за несреќа туку за масовно убиство, се додава во соопштението.

Спасените Палестинци во саботата биле пренесени во јужниот дел на Сицилија и тврделе дека тргнале од Дамиета во Египет заедно со уште околу 500 луѓе – Сиријци, Палестинци, Египќани и Суданци.

– Палестинците се спасени ден и половина подоцна, а на уште деветмина преживеани им помогнале бродови од Грција или Малта. Се претпоставува дека останатите се загинати, изјави портпаролот на Меѓународната организација во Италија, Флавио Ди Џакомо

Би можело да ве интересира

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски