Околу 50 држави најавија прифаќање 360.000 бегалци следната година

Од:

Околу 50 држави се ангажираа да прифатат 360.000 бегалци во текот на следната година, изјави синоќа во Њујорк американскиот претседател Барак Обама.

Обама беше домаќин на средба во рамки на Генералното Собрание на ОН, на која учесниците презедоа обврски да ги зголемат средствата за хуманитарна помош и да обезбедат полесен пристап до образование и работа на бегалците, јави ДПА.

Учесниците најавија зголемување на парите за хуманитарна помош за 4,5 милијарди долари, наспроти средствата ветени на минатогодишната средба.

Во исот време, австрискиот канцелар и министерот за надворешни работи, Кристијан Керн и Себастијан Курц повикаа на заедничка акција на Европската унија во врска со зајакнување на европските надворешни граници, како и за создавање на „Маршалов план“ за земјите, одговорни за најголемиот прилив мигранти во Европа.

Керн се фокусираше на потребата да се намали приливот на мигранти, така што ќе се подобрат условите за живот на оние кои најверојатно би ги напуштиле своите земји, додека Курц говореше за потребата да се зајакне контролата на границите.

Двајцата австриски функционери говореа во пресрет на регионалниот самит за бегалците во Виена, кој треба да биде одржан в сабота.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина