Околу 450 борци и цивили се евакуирани од Сирија во Турција и Либан

Од:

Автобуси и возила на брза помош, во кои се наоѓаат околу 450 евакуирани борци и цивили од две подрачја кои се под опсада во Сирија, влегле во Турција и во Либан, наведоа неименувани извори од граничните премини.

Под покровителство на договорот на ОН, со кој се согласија завојуваните страни, повеќе од 125 борци од градот под опсада Забадани, во близина на границата со Либија, се на пат кон аеродромот во Бејрут, за да се качат на летот за Турција, пренесуваат сириските медиуми.

Истовремено, околу 330 цивили и повредени борци, кои се заробени во две провладини шиитски села во северозападна Сирија, се упатиле кон турскиот град Хатај за да се качат во авион за Бејрут, наведоа хуманитарните работници.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија