Околу 35.000 сириски бегалци пристигнаа во градот Килис во последните 48 часа

Од:

Околу 35.000 сириски бегалци пристигнаа во последните 48 часа на турската граница, во близина на градот Килис, и беа сместени во кампови од сириската страна на границата, информира денеска валијата на округот Килис Сулејман Тамсаз, цитиран од британските медиуми.

Валијата изјави дека може да се очекува пристигнување на уште 70.000 Сиријци, доколку армијата на режимот на Асад продолжи да напредува во градот Алепо, со поддршка на руските военовоздухопловни сили.

Турските власти вчера почнаа да поставуват нови шатори во веќе изградениот камп во близина на границата за да го прифатат новиот бран сириски бегалци на турска територија, информираа француските медиуми.

-Прифативме околу 5.000 бегалци, други 50.000 до 55 000 се на пат и ние нема да ги оставиме, затоа што таму се изведуваат воздушни напади, силите на режимот, поддржани од иранските шиитски милиции, напаѓаат цивили, рече турскиот шеф на дипломатијата Мевљут Чавушоглу на самитот за мигранти во Амстердам.

Тој го обвини режимот на Башар ал-Асад дека напаѓа „училишта, болници и цивили“.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто