Околу 300 спасени мигранти се симнаа во јужно италијанско пристаниште

Од:

Околу 300 мигранти денеска се симнаа во јужното италијанско пристаниште Таранто, откако беа спасени од морето во пет различни операции со хуманитарен брод управуван од меѓународната невладина организација Лекари без граници.

Половина од 293-те спасени патници биле малолетници без придружба, соопштија операторите на мисијата.

Лекарите без граници објавија на Твитер дека мажите, жените и децата се соочиле со „мачни патувања, малтретирање и притворање во Либија“ пред да тргнат преку Средоземното Море.

Тие беа спасени во меѓународни води во близина на Либија и Малта. Според спасувачите, најголем дел од мигрантите биле од Гамбија, Египет и Либија.

Италијанските власти им дозволија на мигрантите да се симнат во пристаништето Таранто во југоисточниот дел на земјата девет дена по првото спасување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски