Околу 3.000 бегалци од Унгарија пристигнаа во Австрија

Од:

Според проценките на австриската полиција утрово на граничниот премин Никелсдорф пристигнале меѓу 2.500 и 3.000 бегалци, кои унгарските власти ги префрлиле со автобуси откако се обиделе пеш од Будимпешта да пристигнат до Австрија.

Директорот на полицијата во покраината Бургенланд, Ханс Петер Доскоцил изјави дека салата „Нова Рок“ во Никелсдорф, каде се пренасочени мигрантите, е преполна со околу 500 луѓе, а други 500 се префрлени во Парндорф.

Воз со околу 400 лица утрово тргна кон Виена, а други возови се очекува да тргнат во текот на денот.

– Се наоѓам на граничниот премин со Унгарија и гледам како бегалскиот бран не застанува, истакна Доскоцил.

Тој нагласи дека се очекува пристигнување на 17-18 двојни автобуски, кои ќе се користат за пренесување на бегалците до Виена, а можеби и во правец на Германија. Според него, мигрантите се мирни, но се создава метеж при доаѓањето на автобусите и влегувањето во воз.

– Ситуацијата е повремено хаотична бидејќи не постои подготвеност за соработка од унгарската полиција, додаде Доскоцил.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто