Околу 200 загинати во превртениот брод кај Либија

Од:

Италијанската полиција денеска соопшти дека околу 200 лица најверојатно загинале при завчерашното превртување на брод со илегални имигранти во близина на либискиот брег.

Според полицијата, несреќата ја преживеале речиси 370 имигранти, додека спасувачките екипи пронашле тела на само 26 удавени лица.

Полицијата информира дека според сведочењето на преживеаните имигранти, кои се сместени во прифатен камп на Сицилија, околку 200 луѓе се наоѓале во внатрешноста на 20 метри долгиот рибарски брод, кои по превртувањето останале заглавени во бродскиот труп и најверојатно се удавиле.

Првичните проценки беа дека на бродот имало 600 имигранти, но италијанската полиција сега тврди дека на пловилото имало околу 650 лица.

Според полицијата, петторицата членови на екипажот на бродот ја преживеале несреќата и се привидени под сомнеж за шверц на луѓе.

Бродот завчера претпладне испловил од Либија, но по изминати само 22 наутички милји, кога се наоѓал на 110 километри северозападно од Триполи, испратил повик за помош, на што одговорила италијанската крајбрежна стража од базите на Сицилија.

Според медиумите, кога до бродот се доближил првиот спасувчки чамец, поголемиот број од имигрантите се префрлиле на едната негова страна, по што тој се превртел.

Со најновите жртви, билансот на загинати имигранти при нивниот обид да стигнат до Европа од почетокот на годинава, се искачи на над 2.200 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски