Најмалку 150 вооружени напаѓачи упаднаа во воена база во пустина на југ во Либија и убија двајца војници, соопшти портпарол на армијата.
Саид ал-Орфи изјави дека цел на нападот била воената воздушна база на околу 45 км. северно од градот Сабха, и оти напаѓачите кои имале тешко вооружување се судриле со владини трупи стационирани во базата.
Во нападот ранети се и двајца војници. Напаѓачите биле Либијци и покрената е истрага.