Околу 10 илјади мигранти кои не добиле азил, се уште живеат во Шведска

Од:

Околу 10.000 мигранти кои добиле негативен одговор на барањето за азил, престојуваат нелегално на територијата на државата и се кријат од полицијата, јави Шведската телевизија.

Претставници на имиграциските власти наведуваат дека на 17.000 лица не им бил даден азил, но се помалку од нив доброволно ја напуштаат Шведска.

Во таа држава секој ден пристигнуваат по околу илјада мигранти.

Медиумот јавува дека утре од Шведска ќе биде депортирано семејство од Србија кое 12 години живеело нелегално во село во државата.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто