Огромна санта мраз, тешка илјада милијарди тони се одвоила од Антарктикот, соопштија денеска британски научници.
-Одвојувањето се случило меѓу понеделникот, 10 јули, и среда, 12 јули, кога парче мраз со големина од 5.800 квадратни километри се откачило од ледениот гребен Ларсен Ц, соопштија научниците од универзитетот Свонси, пренесоа француските медиуми.
Се верува дека глобалното затоплување го забрзало овој процес.