Натпреварувачка на виетнамската верзија на кулинарското шоу „Masterchef“ предизвика огорчување кај гледачите откако беше прикажана емисијата каде со нож сече глава на жива желка.
При тоа, очигледно е дека на Кан Пуонг (21) не и било лесно да го направи тоа, затоа што после чинот таа целата треперела.
Гледачите не ја криеја згрозеноста на она што го виделе. После голем број негативни коментари кои пристигнаа, од телевизијата ВТВ3 која ја прикажува емисијата изјавија, дека спорниот дел е прикажан од невнимание.
– Понекогаш поради голем број материјали кои дневно се прегледуваат се прави пропуст. И самите сме вџашени што овој дел е емитуван, рече шефот на споменатиот телевизиски канал.
Според анкетата која е спроведена, повеќе од 70 отсто од гледачите сметаат дека тој дел не требало да се емитува.
Самата натпреварувачка призна дека и било непријатно таа сцена подоцна да ја гледа. Исто така, додаде дека не може да спие поради тоа што го направила.
Но, готвачот, Туан Хаи, член на жири комисијата во емисијата, рече дека ова е ситуација со која секој готвач треба да знае да се носи.
– Гледајќи такви сцени, гледачот може повеќе да дознае за кандидатот, заклучи тој.
Сопствениците на франшизата на ова реалити шоу ја осудија прикажаната содржина иако нагласија дека како секоја држава со оглед на кулутрата и обичаите има право да создава своја содржина.