Официјален Париз ги одби барањата на корзиканските националисти, но најави дијалог

Од:

Француската влада е подготвена за дијалог со новата регионална влада на Корзика за економски и социјална прашања, но ги одби политичките барања на корзиканските националисти.

Тие во неделата остварија убедлива победа на регионалните избори во Корзика, а вчера побараа зголемување на автономијата на островот, изедначување на официјалната употреба на коризакнсиот јазик со францускиот и амнестија на политичките затвореници. Тие се заканија и со организирање на масовни демонстрации доколку Париз не ги прифати нивните барања.

Според портпаролот на француската влада, Бенжамен Гриво регионалните избори, на кои коалицијата на автономистите и сепаратистите „За Корзика“ освои 56,5 отсто од гласовите, не биле референдум за автономија или независност на Корзика.

– Тоа беше регионално гласање за иднината на Корзика, за економски развој, за транспортот, медицинската заштита, односно за животот на една заедница. (Официјален) јазик на Републиката е францускиот. А што се однесува до аменстијата, имаше криминал и беа изречени казни, кои треба да се издржат, нагласи Гриво.

Премиерот Едуар Филип претходно изјави дека Париз би можел да даде некои специфични надлежности на Корзика. За таа цел министерката за внатрешни работи Жаклин Гуро е именувана за владин претставник за врски со корзиканските пратеници.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано