Ирачката армија денеска соопшти дека започнала офанзива во близина на границата со Сирија, чија цел е потиснување на припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) од териториите јужно од реката Еуфрат.
Офанзивата се спроведува во регионот Акашат, каде има повеќе наоѓалишта на природен гас.
По евенталното освојување на Акашат, на ирачката армија ќе и се отвори патот за ослободување на населените места во долината на Еуфарт, кои сега се под контрола на ИД, се додава во соопштението.