ОЕЦД: Светската економија годинава ќе закрепне од пандемската криза

Од:

Светската економија годинава ќе закрепне од пандемската криза, предвиде денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), но воедно оттаму предупредуваат дека оптимистичката перспектива може да биде загрозена од продолжениот период на висока инфлација.

ОЕЦД проценува дека светската економија годинава ќе порасне за 5,6 отсто, во 2022 година растот би требало да забави на 4,5 отсто, а во 2023 година на само 3,2 отсто, потврдувајќи ја всушност претходната проценка.

Економијата силно закрепнува, а компаниите тешко го одржуваат чекорот со бранот од зголемена побарувачка предизвикан од олеснувањето на епидемиолошките мерки, предизвикувајќи стагнација во глобалните синџири на снабдување и поттикнувајќи ја инфлацијата ширум светот, посочува ОЕЦД.

Инфлацијата само привремено зајакна, проценува ОЕЦД, придружувајќи им се на владите и централните банки ширум светот кои предвидуваат олеснување на цените во наредниот период.

Кога побарувачката и понудата ќе се нормализираат, инфлацијата ќе ослабне, заклучуваат тие.

„Главниот ризик, меѓутоа, е дека инфлацијата би можела повторно да не изненади и да продолжи да зајакнува, принудувајќи ги централните банки на водечките економии порано да ја заострат монетарната политика и во поголема мера отколку што се предвидуваше“, наведува ОЕЦД.

Доколку овој ризик се намали, инфлацијата како целина најверојатно ќе достигне врв од пет проценти, а потоа постепено ќе слабее на околу три проценти до 2023 година, соопшти организацијата чие седиште е во Париз.

Во тој контекст, во моментов најдобро е централните банки да чекаат да се смират тензиите во понудата и да сигнализираат дека ќе преземат мерки доколку се појави потреба, велат од ОЕЦД.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток