Американската организација за храна и фармацевтски производи ја одобри „продажбата“ на бесплатен тест наменет за откривање на СИДА-та. Тој може да се направи за првпат во домашни услови, без никаков медицински надзор.
Овој тест му овозможува на корисникот со тампон да земе примерок од својата плунка од устата и потоа истиот да го стави во стаклен сад. Резултатот од тестот се добива за 20 до 40 минути.
17 независни експерти по направената консултација се изјасниле за лансирање на овој производ, „OraQuick ХHIV HOME“ на пазарот. Производител е американската компанија „OraSure тechnologies“.