Одметнатиот либиски генерал Халифа Хафтар преживеа атентат

Од:

Одметнатиот либиски генерал, Халифа Хафтар го преживеа денешниот атентат врз неговата куќа во Бенгази, откако бомбаш самоубиец предизвика силна експлозија.

Три лица се убиени во овој терористички напад, а десетина други се повредени.

Нападот е извршен во вториот по големина либиски град кој е силно упориште на исламистичките милиции и каде се развува и сепаратистичко движење кое бара нова територијална поделба на Либија и автономија на Истокот од земјата, каде се наоѓа главнината на либиската нафта.

Генерал Хафтар е поранешен началник на генералшатабот на либиската армија, во време на Моамер Гадафи кој во 2011 година, премина на страната на бунтовниците и остана со нив се до соборувањето на претходната власт.

Генералот важи за најсилниот противник на исламизацијата на земјата и тој јавно најави остра пресметка со исламистите и забрана на нивното Муслиманско Братство.

Минатиот месец, Хафтар и неговите вооружени единици извршија напад врз позициите на исламистичките милиции во Бенгази, а потоа ја нападнаа и зградата на Парламентот во Триполи.

Генералот кој своите потези ги оправдува со намерата да се заштити угледот на Либија во светот и да не се доволи таа да стане „бастион на тероризмот“ ги обвинува пратениците и членовите на Владата за подршка на исламистите во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски