ВИДЕО: Одмаздата на Шојгу

Од:

Одлуката сите руски доброволни единици да потпишат договор со Министерството за одбрана всушност е одмазда кон Сергеј Шојгу, наведуваат западните медиуми.

Наредбата пред два дена ја потпиша министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, а според образложението, оваа одлука „ќе го овозможи потребниот правен статус за волонтерски единици и ќе ја прошири можноста за пополнување на единиците со воен персонал и доброволци.

Не помина долго, а на руските канали се појавија објаснувања дека всушност се работи за напад на Евгениј Пригожин и неговите Вагнерци. Така, телеграмскиот канал Сота сугерираше дека со оваа наредба Министерството за одбрана сака да ги потчини руските приватни единици, вклучително и Вагнер, кои сега се во статус на волонтерски формации.

Ова е одмазда на Шојгу бидејќи Пригожин постојано јавно го критикуваше руското Министерство за одбрана и самиот министер за одбрана. Имено, Пригожин во првите месеци од 2023 година неколку пати го обвини Министерството за одбрана дека одбива да му даде муниција на Вагнер, а Шојгу и генералите за некомпетентност, пренесе Телеграф.

Секако, одговорот од другата страна не мораше долго да чека. Пригожин јасно стави до знаење дека Вагнер нема да потпише никакви договори со руското Министерство за одбрана, со што ги отфрли обидите на министерството да го стави „Вагнер“ под своја контрола.

„Припадниците на Вагнер се исклучително професионални и ефикасни. За жал, повеќето воени единици немаат таква ефикасност, а тоа се должи токму на неможноста на Шојгу правилно да управува со армијата“, рече Пригожин.

Пригожин рече дека „Вагнер“ е целосно подреден на интересите на Русија, но дека, како што наведе, високо ефикасната командна структура на групата би била оштетена доколку таа биде подредена на Шојгу.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски