Одложено предавањето на затворот Баграм на авганистанските власти поради безбедносни причини

Од:

САД го одложија предавањето на контролата на затворот Баграм на авганистански власти, бидејќи сакаат да бидат сигурни дека затворениците, кои треба да бидат задржани, нема да бидат ослободени, изјави командантот на меѓународните сили ИСАФ, американскиот генерал Џозеф Данфорд.

– Доколку има лица кои треба да останат во затворот, ние ќе се увериме дека тие навистина ќе останат, рече генералот.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кој го презакажа предавањето на контролата за следната недела изјави дека меѓу затворениците, кои се под американска контрола има и невини лица и оти тие ќе бидат ослободени, откако затворот ќе мине во рацете на авганистанските власти.

– Сметам дека најверојатно има разлики во оценките. Ние со сигурност во затворот не држиме лица, за кои сметаме дека таму не им е местото, изјави генералот Данфорд и додаде дека во краен случај ова прашање е поврзано со безбедноста на коалициските сили.

Спорниот затвор во Баграм, наречен „авганистански Гвантанамо“ веќе неколку месеци е препрека во процесот на подобрување на односите меѓу САД и Авганистан.

Церемонијата за предавање на контролата требаше да се одржи вчера, но таа беше одложена во последен момент поради „технички“ причини.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан