Одбраната на Холмс побара повеќе време за неговото изјаснување

Од:

Американецот Џејмс Холмс се појави денеска во судница во Колорадо, но одбраната побара повеќе време за подготовка на неговото изјаснување по обвиненијата за убиство на 12 и ранување на десетина луѓе во кино во Денвер.

Судијата Вилијам Силвестер го одобри барањето на одбраната за одложување на презентацијата на обвиненијата за Холмс, со цел да бидат во можност да ги разгледаат огромниот број на докази и сведочења, претходно презентирани од страна на обвинителството во текот на прелиминарното сослушување.

За изнесување обвиненијата одреден е 12-ти март.

Судијата нареди обвинетиот да остане во притвор без можност за ослободување со кауција.

Тој посочи дека обвинителството успеало да презентира докази, според кои може да се верува, дека Холмс го извршил кривичното дело.

Одбраната, од друга страна, пак, тврди дека Холмс е ментално болен.

Судиската одлука следеше по три дена сведочења за вооружениот напад, последиците и припремите кои Холмс ги вршел за нападот.

Холмс е обвинет за убиство од прв степен и обид за убиство произлезени од неговиот убиствен поход на 20 јули на премиерата на филмот Бетмен во Денвер.

Во вооружениот напад во киното убиени се 12, а повредени 58 луѓе.

Правните експерти укажуваат дека адвокатите на Холмс можат одбраната да ја изградат на непресметливост на нивниот клиент.

Откако Холмс ќе се изјасни за вината, обвинителството има рок од 60 дена за да донесе одлука дали ќе побара смртна казна.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас