Одбраната на „Азовстал“ е главен приоритет за Украина

Од:

Фабриката за челик „Азовстал“ стана „приоритет број еден“ за политичкото и военото раководство на Украина, изјави за Би-Би-Си советникот на украинскиот министер за одбрана, Јуриј Сак.

Тој истакна дека напорите се насочени кон одбрана на огромниот индустриски комплекс и управување со натамошни евакуации. „Азовстал“ е последното упориште на украинскиот отпор во стратешки важниот пристаништен град Мариупол, за кој Сак забележува дека станал „срцето“ на војната.

Сак призна дека ситуацијата во фабриката била „исклучително тешка“ за нивните војници.

– Руските трупи сега започнаа копнена офанзива, откако претходно се фокусираа на воздушни бомбардирања и ракетни напади, нагласи воениот советник.

Сепак Сак се надева дека двете страни би можеле да се договорат за хуманитарни коридори кои ќе им овозможат на повеќе цивили и повредени војници да ја напуштат фабриката во следните неколку дена.

– Ние сме тивки оптимисти. Но, се разбира, имаме лоши искуства со Русија, која не ги почитува своите обврски, изјави Сак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков