А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

by А1он17/07/2025 - 07:10227
Share0

61-годишен маж загина откако група луѓе беше погодени од гром на стрелиште во американската држава Њу Џерси, потврди локалната полиција. Несреќата се случи синоќа на стрелиштето „Блек Најт Боубендерс“ во општина Џексон, околу 30 милји источно од Трентон, главниот град на државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според полициското соопштение, повредени се вкупно 13 лица.

– Повредите се движат од изгореници до симптоми како што се гадење и слабост, рече началникот на полицијата Метју Д. Кунц.

Претседателот на стреличарскиот клуб Џери Миндурски рече дека најмалку четири деца биле однесени во болница со изгореници, како и тројца возрасни инструктори. Тој потврди дека починатиот маж бил член на клубот, но не знаел во каква состојба се повредените ниту во кои болници биле однесени.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според официјалните информации, службите за итни случаи биле повикани во 19.13 часот по локално време.

Миндурски рече дека се моли за семејството на починатиот и за сите повредени.

„Сè се случи толку ненадејно“, рече тој.

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, објави на платформата X дека е свесен за ситуацијата и ја повика јавноста да се моли за сите погодени од оваа трагедија. Вчера беа прогнозирани грмотевици низ источните и централните делови на Соединетите Американски Држави, вклучувајќи ја и областа на општина Џексон.

grompovredenisad

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 10:40

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

Горан Наумовски06/11/2026 - 14:30

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Горан Наумовски06/11/2026 - 12:57

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Горан Наумовски06/11/2026 - 12:28

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Горан Наумовски06/11/2026 - 06:46

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Горан Наумовски05/11/2026 - 22:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео