Од системот за ладење на АЕЦ „Фукушима“ истече радиоактивна вода

Од:

Од јапонската атомска електроцентрала „Фукушима“, што пред неколку години претрпе сериозни оштетувања од земјотрес, истекла радиоактивна вода, пренесе ТАСС.

Според податоците на компанијата „Токио електрик пауер“, операторот со електроцентралата, водата истекла од една од просториите во системот за ладење на шестиот реактор. Во моментов работата на системот за ладење е запрена за натамошни ремонтни активности.

Се очекува системот повторно да бид евклучен во работа за едно деноноќие. За тоа време водата во басенот ќе ја зголеми својата температура од околу 17 на околу 23 степени. За дозволиво се смета нивото до 65 степени Целзиусови.

Компанијата „Токио електрик пауер“ соопшти дека на почетокот на февруари сличен проблем бил откриен и во петтиот реактор.

Во моментов при ладењето на реакторите на централата дневно со радиоактивни честички се загадуваат околу 350 тони вода. Вкупниот обем на радиоактивна вода, што треба да се пречисти, изнесува околу 240.000 тони. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија