Од Сирија ослободени две Италијанки

Од:

Италијански официјални лица соопштија дека утрово во Рим пристигнале две хуманитарки кои се ослободени во Сирија.

Министерот за надворешни работи, Паоло Ѓентилони ги пречекал 21-годишната Грета Рамели и Ванеса Маркуло (20) на воениот аеродром Кампино, кој се наоѓа во близина на Рим, пренесе „Франс прес“.

Според наводите веднаш се префрлени во болница на контролен преглед, а потоа во канцеларијата на римското противтерористичко обвинителство, кое отвори истрага за нивното киднапирање.

Двете Италијанки исчезнаа во Сирија на 31-ви јули минатата година, а на почеток оваа година беше објавен видео запис на кој ја молат италијанската влада да им помогне да се вратат или ќе бидат убиени.

Министерството за надворешни работи вчера соопшти дека нивното ослободување е резултат на интензивна работа, но не изнесе детали за тоа како се ослободени овие две хуманитарки.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум