Од подземно воено складиште во Северното Море истекува боен отров

Од:

Смртоносен боен отров иперит истекува од големото подземно складиште за муниција, близу белгискиот брег на Северното Море.

Складиштето е останато од Првата светска војна и е нарекувано „гробишта за оружје“. Се верува дека таму има 35 илјади тони неексплодирани бомби, артилериски и други гранати. Оружјето, кое припаѓало главно на германската страна, затрупано е во контејнери исполнети со цемент на длабочина од 2.000 метри.

Меѓутоа сега се појавија стравувања дека преостаната муниција би можела да создаде нови проблеми бидејќи на брегот се пронајдени траги од иперит и експлозив ТНТ. Белгискиот министер за Северното Море Филип де Бакер изјави дека траги од експлозив и отров се пронајдени на две, одделни локации.

Локалните власти инсистираат областа да се исчисти веднаш, пред да се зголеми истекувањето на отровот.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски