Од почетокот на епидемијата во старските домови во источна Франција има 570 смртни случаи

Од:

Регионот Гранд Ест (Источна Франција) е првиот кој даде официјална бројка за бројот на починатите во домовите за стари лица, кои се наоѓаат на негова територија. Заклучно со 31 март, починале 570 стари лица, јави дописникот на МИА.

Од Ковид-19 во регионот Гранд Ест биле богодени 411 старски домови од 620 колку што ги има во регионот, односно 66 отсто. Притоа, починале вкупно 570 стари лица, а над половината од нив во департаманот Горна Рајна-Алзас, каде беше и жариштето на епидемијата, прецизира регионалната Агенција за здравство.

Регионалните здравствени власти почнаа да прават прегледна смртните случаи поврзани со Ковид-19 во старските домови и Генералната дирекција за здравство треба да ги објави првите бројки на национално ниво на крајот на денот .

Според последниот извештај за епидемијата со Ковид -19 во Франција до вчеравечер имало 4.032 смртни случаи во болниците, односно 509 повеќе во последните 24 часа.

Во моментов има 6.107 лица на интензивна нега од вкупно 24.639 хоспитализирани. Според податоците досега имало 10.935 излечени лица од вирусот.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата