Од остатоците на рускиот авион извадени 175 тела

Од:

Од остатоците на рускиот авион, кој се урна вчера на Синајскиот Полуостров се извадени 175 тела, јави ТАСС.

Овие податоци ги изнесоа учесниците во операцијата на местото на падот на авионот, во која учествуваат египетската армија и силите за цивилна заштита.

Сто шеест и три тела веќе се испратени во мртовечниците во Каиро, од каде можеби вечерва ќе бидат пренесени во Санкт Петербург со авион на руското Министерство за вонредни ситуации.

Во гратчето Ел Хасна, во чија близина се урна Ербасот со 224 патници и членови на екипажот веќе пристигнаа хеликоптери со претставници на руските министерства за вонредни ситуации и сообраќај, како и на федералната Агенција за цивилно воздухопловство. Во текот на денот се очекува и пристигнување на руски експерти, кои патуваат со автомобили до местото на несреќата.

ДНК анализите ќе бидат извешени во Русија, а примероците ќе ги земаат египетски експерти.

За неколку часа се очекува да почне анализата на податоците од двете црни кутии, изјавија претставници на египетската Влада.

– Дешифрирањето на црните кутии можеби ќе биде извршено во Египет, но конечна одлука за ова прашање се уште не е донесена, изјави денеска раководителот на руската Агенција за цивилно воздухопловство, Александар Нерадко.

Тој додаде дека вообичаено во вакви ситуации во анализата на податоците на црните кутии учествуваат експерти од двете земји.

Рускиот министер за транспорт Максим Соколов изјави дека црните кутии имаа претрпено помала штета.

Тој нагласи дека неодамна Меѓународната организација за цивилно воздухопловство го проверила системот, организацијата на управувањето и безбедноста на летовите на Русија и дала добра оценка.

– Но ние се разбира ќе дадеме соодветни заклучоци, откако ќе ги добиеме резултатите од истрагата за причината за несреќата на авкионот на „Когалимавиа“, истакна министерот.

Ербасот на руската компанија „Когалимавиа“, кој сообраќаше од Шарл ел Шеих за Санкт Петербург се урна вчера околу половина час по полетувањето, на стотина метри јужно од административниот центар на провинцијата Северен Синај, градот Ел Ариш, во близина на населеното место Ел Хасна. Во авионот имаше 117 патници и седум членови на екипажот. Во несреќата нема преживеани.

Во Русија денеска е прогласен ден на жалост.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски