Исламските екстермисти го присилија независниот новинар Џејмс Фоули да прочита пропаганден текст во кој е истакната нивното барање пред да го обезглават во некоја блискоисточна пустина. Друг американски новинар го чека истата суудбина, предупредија тие. Во Иран, Џејсон Резајана, новинар на Вашингтон пост беше задржан од мажи кој на крајот на јули извршија наредбата за неговото апсење. Од тогаш, никој ништо не слушнал за него. Во Авганистан, Метју Розенберг, репортер на Вашингтон тајмс беше истеран од земјата затоа што на владините службеници не им се допаѓаа неговите статии.
Во Америка новинарите беа растерани со солзавец и задржани од полицијата без никакви образложенија додека ги следеа протестите во Фергусон. Во американското министерство за правосудство, обвинителите го осудија агресивното истекување на информации до новинарите и почнаа да користат техники за прислушкување, кои ги заладија односите помеѓу репортерите и нивните извори.
Како серија интервјуа, репортери, уредници и оние кои ја следат слободата на печатот, ги опишаа тешките услови во кои работат репортерите, како во САД така и вон нејзините граници. Ситуацијата се усложнува и од промената на начинот на кој работат новинарите, и од промената на начинот на кој на нив се гледа, како од владата така и од општеството.
– Иако новинарството отсекогаш било полно со предизвици, а понекогаш и опасна професија, нема дилеми дека сега луѓето кои се на власт претпочитаат новинарите да не бидат сведоци на нереди, вели Мартин Барн, главниот уредник во Вашингтон пост. „Ако репортерите се исправени пред ризикот да бидат затворени или да бидат убиени затоа што си ја вршат работата, станува неверојатно тешко да се врши таа работа“, додава тој.
Во последниве години со промената на сликата за војната со нејасни фронтови линии, со созјузи кои се менуваат и завојувани дражави кои и не се држави, сето тоа се совпаѓа со појавата на ново поколение на репортери, од кои мнозината, како и Џејсс Фоули, работат без подршка на традиционалните новинарски организации. Покривањето на случувањата за време на воени конфликти постепено станува се поопасно по војната во Либија, која започна во текот на 2011 година. Таа војна, слично на оние кои следуваа во Сирија и во Ирак, немаше линии на фронтови и востановени играчи, вели Филип Балбони, претседател и извршен директор на Глоуб пост, едно од изданијата кои ги објавуваа статиите на Фоули.
Независните воени фотографи, Крис Хондорс од агенцијата Гети имиџис и Тим Хетрингтон од Венити фер, беа меѓу убиените новинари таму.
Американскиот претседател Барак Обама ги осуди оние кои го егзекутираа Фоули, и вети дека тие ќе бидат изведени пред судот.
– Светот го прават луѓе како Фоули, рече тој.
Според Комитетот за заштита на новинари, 32 претставници на медиумите, во тој контекст и самиот Фоули, загинале од почетокот на 2014 година. Во текот на 2013 година, биле убиени 70 новинари, а во 2012 – 74. Заменик директорот на комитетот, Роберт Махони, истакнува дека во 2013 година најмалку 65 претставници на медиуми изчезнале без ниаква трага, што е двапати повеќе во споредба со претходните две години заедно. Се повеќе новинари биле затворани во земји како Египет, каде 13 души од браншата се се уште во затвор, потсетува Махони.
Странските новинари прво биле затворани во Сирија. Но конфликтот сосема излезе од контрола и на нив почнало да се гледа како на натрапници, а потоа и како на непријатели. Најмалку 69 новинари биле убиени од почетокто на конфликтот во Сирија, кој беше природна последица на Арапската пролет од 2011 година, потсетуваат од Комитетот за заштита на новинари. Над 80 претставници од медиумите биле ослободени и околу 20-мина до денес остануваат заробеници, дополнуваат од организацијата. Сосема тешко е да се посочи зошто многу од инцидентите останале необјавени во јавноста.
Многу од новинарите кои се заробени се фриленсери, со надеж да направаи кариера ако испраќаат извештаи од места на кои други нивни колеги им е страв да отидат. Четириесет годишниот Џемјс Фоули беше еден од нив. Тој пишувал стории од земјите кои се арена најкрвавите конфликти на Блискиот исток, за Глоуб пост, за Франс прес и за други агенци и изданија. Пред тоа, тој бил во Либија. Во видео материјали тој раскажуваше како злобно настроените војници му се проближиле во Либија.
– Не сакав да бидам човекот кој од корен ќе ги промени методите на работата. Не сакав да измислувам ништо ново, призна Фоули.
Тој беше заробен во Сирија на 22 ноември 2012 година, заедно со уште неколку американци чии семејства побараа нивните имиња да не бидат соопштени.
Исламистите го обезглавија Фоули и ја прикажаа егзекуцијата на видео, во кое се заканија дека ќе го убијат и Стивн Сотлоф, друг американски фриленсер новинар, кој објавувал статии во Тајм. Во изјавата до медиумите во средата, републиканката конгресмен од Флорида, Илеана Рос-Летинен, потврди дека семејството на Сотлоф живее во нејзиниот кварт во Мајами, и соопшти дека се сретнала со нив и се поврзала со соодветните агенции, министерства па дури и со организации со врски во Сирија, во обид да добие одговори на редица прашања.
– Многу е јасно дека новинарите се сметаат за непријатели, посебно од страна на ИД, рече Махони. „Во делови од Блискиот исток сега имаме еден политизиран Ислам во кој новинарите се сосема незаштитени“, додава тој.
Барн рече дека Вашнгтон пост користи само фриленс новинари со кои склучиле договор, така што куќата може да им обезбеди иста опрема, безбедност и комуникациски технологии како и на колегите со редовни работни договори.
Бунтовничките групи веќе немаат потреба од новинари за да ги шират своите приказни, вели Стивен Кол, декан на колеџот по новинарство на Универзитетот Колумбија и поранешен главен уредник во Вашнгтон пост.
Сега бунтовниците можат да стигнат до аудиторуми директно онлајн, дополнува експертот.
Дури и талибанците, кои едно време ги забрануваа камерите, сега имаат свое студио за видео продукција.
Во тој контест, репортерите се гледаат не како неутрални набљудувачи, туку како стратешки активи кои можат да обезбедат влијание за време на обиди за постигнување на определени цели.
Во предградието на Сент Луис, Фергусон, репортерите не им се омилени ниту на полицијата, ниту на некои од демонстрантите, кои сакаат репортерите да објавуваат за оние случувања кои се во функција на нивната кауза, наместо да го прикажуваат насилството и пљачкосувањата, вели Мат Пирс, репортер на Лос Анџелес тајмс, кој десет дена по ред ги следел протестите во Фергусон.
Кога тензиите во Фергусон ескалираа, Пирс таму забележал многу помлади фриленс новинари.
Повеќето од нив изгледаа како демонстранти. Полицијата не секогаш е сигурна дека се тоа новинари, а демонстрантите нив ги гледаа со презир, вели тој.
Но дури и оние кои се обидуваат да бидат репортери, се соочуваат со тешкотии, изјави Барн и го даде примерот со Весли Лури (репортер од Вашингтон пост) кој бил задржан од полицијата додека седел во протестот пред ланецот Мекдоналдс и го прегледувал својот умен телефон.
– Мислам дека сето ова зборува за недостиг од разбирање од страна на владините органи што се однесува до правата на новинарите, вели Барн.
– Растревожува што тоа се случува во нашата земја, дополнува тој.
Њујорк тајмс – Њујорк