Тригодишно девојче кое претходно било позитивно на корона тестот, денес почина во Белгија, веста ја соопштиja здравствените власти. Во лекарскиот извештај стои дека детето страдало од неколку пропратни потешки заболувања.
По 12 годишникот кој почина во март од компликации предизвикани од коронавирус, тригодишното дете е најмладото лице што починало од компликации на смртоносниот вирус во Белгија, пренесуваат локалните медиуми.
Вчера, белгиските власти решија да ги заострат анти-епидемиолошките мерки за да го забават ширењето на коронавирусот, вклучително и со мерка за задолжително носење маска на отворени јавни места каде има приуство на голем број на луѓе. Белгија беше сериозно погодена од коронавирусот, во земјата потвредни се вкупно 64.847 заразени, а починале 9.812.
Во последните две недели, просечниот раст на нови случаи континуирано се зголемува. Оваа недела, бројот на нови инфекции е за 89 проценти поголем во однос на минатата година.