Од Хаг и е порачано на новата влада во Триполи: Нема амнестија за воени злосторства во Либија, кој и да ги извршил

Од:

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг им порача на либиските власти да не упатуваат во собраниска процедура и да не изгласаат закон за амнестија. Закон кој би ги ослободил од кривица учесниците во бунтот, припадниците на различни милиции и бунтовнички групи, кои извршиле злосторства против припадниците на силите на полковникот Гадафи и цивилите.

Главниот обвинител на (МКС) Фату Бенсуда рече во средата во Советот за безбедност на ОН, како и порачала на новата влада во Триполи (која треба да започне со работа следната недела),”либиската влада да и даде гаранции дека нема да има амнестија за оние кои се огрешиле на меѓународните конвенции и закони и дека нема да има простување за злосторствата, без оглед на тоа кој ги извршил. ”

Триполи подготвува нацрт закон со кој, доколку биде усвоен, гарантира непроцесуирање на злосторствата”, кои биле неопходни во револуцијата на 17 февруари 2011 година.”

Иако теоретски, законот не би се однесувал на кршењето на човековите права,самиот нацрт ја вознемири меѓународната јавност. Организацијата Human Rights Wath (HRW), овие денови, ја критикуваше иницијативата, и ги повика членките на Советот за безбедност да извршат притисок врз либиската влада, Либија да соработува со Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Соработката на која се жали тужителката, се однесува на истрагите за воени злосторства, кои ги извршија бунтовниците против Гадафи, како и испорачувањето на поранешниот директор на безбедносните служби Абдула Сенуси на МКС во Хаг, кој е во рацете на либиските власти.

“Советот за безбедност му даде мандат на МКС да спроведе истрага за злосторствата извршени во Либија, и им нареди на либиските власти да соработуваат со него”,потсети од Human Rights Wath (HRW) Ричард Дикер. Според него, “членовите на Советот треба да заземат јасен став и да го известат Триполи дека не може да продолжи со практиката на игнорирање на обврските превземени од резолуцијата 1970 од Советот за безбедност за Либија.”

Резолуцијата 1970, усвоена во Советот за безбедност на ОН, јасно бара властите во Триполи активно да соработуваат со Трибуналот во Хаг. Без оглед на различните изјави и покажување добра волја од страна на Националниот Преоден совет во Либија, разни здруженија ги обвинуваат либиските власти дека тие ги оставиле неказнети лидерите на различни милиции од редовите на бунтовниците, а кои се одговорни за бројни злосторства извршени во либиската војна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски