Од Еквадор протеран таткото на парагвајскиот потпретседател поради сексуално злоставување малолетничка

Од:

Парагвајските власти го протераа таткото на еквадорскиот потпретседател Хорхе Глас Еспинел, бидејќи е под истрага во Еквадор заради сексуална злоупотреба над 13-годишно девојче.

Директорот на парагвајското биро на Интерпол изјави дека Хорхе Глас Виехо е приведен заради непочитување на имиграциските закони.

Глас Виехо бил испратен на авион во насока на Еквадор. Глас Виехо (71) е обвинет во татковината дека сексуално злоупотребил 13-годишна ќерка на вработена во училиштето каде бил директор. Девојчето дури и родило дете во 2011 година, јавуваат локални медиуми.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници