Од 2019 година досега повеќе од двојно зголемен бројот на луѓето кои се соочуваат со глад

Од:

Бројот на луѓе кои се соочуваат со акутен недостиг од храна во светот е повеќе од двојно зголемен на 345 милиони од 2019 година поради пандемијата на Ковид-19, конфликти и климатски промени, објави Светската програма за храна (WFP).

– Пред кризата со коронавирусот, 135 милиони страдаа од акутен глад во светот, изјави Корин Флајшер Ајшер, регионална директорка на Светската програма за храна.

Бројките се зголемија оттогаш и се очекува дополнително да се зголемуваат поради климатските промени и конфликтите.

– Светот едноставно не може да си го дозволи ова, рече Флејшер.

– Сега гледаме десетпати повеќе раселување ширум светот поради климатските промени и конфликтите и секако дека е меѓусебно поврзано. Навистина сме загрижени за комбинираниот ефект на Ковид, климатските промени и војната во Украина, рече таа.

Влијанието на украинската криза, како што објасни таа, има големи последици особено на Блискиот Исток и Северна Африка, наведувајќи го примерот на Јемен, кој увезува 90 отсто од потребите за храна, а околу 30 отсто од регионот на Црното Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска