Очевидец од Ливерпул: Возачот застана на момент, а потоа продолжи со возилото да удира во луѓето

Од:

Очевидец за „Мирор“ изјави дека возач на автомобил кој помина низ десетици навивачи на Ливерпул застанал на неколку секунди, а потоа продолжил да „прегазува повеќе луѓе“.

Хари Рашид (48) од Солихал бил на парадата со сопругата и двете мали ќерки и е сведок на несреќата.

„Се случи на околу три метри од нас. Бевме во толпа и немавме контрола каде ќе бидеме бидејќи улицата беше многу тесна. Возилото дојде од наша десна страна. Се појави веднаш до амбулантното возило што беше паркирано. Ова сиво комбе штотуку дојде од десна страна и се удри во сите луѓе до нас“, објасни тој.

„Се движеше кон југ, по улицата Вотер, право кон пристаништето, каде што се доковите. Беше екстремно брзо. На почетокот само слушнавме „пук, пук, пук“ додека луѓето паѓаа од хаубата на автомобилите“, додаде тој.

Рашид опиша како толпата се обидела да ги скрши прозорците на автомобилот.

„Потоа возачот застана на неколку секунди, веројатно околу десет секунди. Потоа толпата што беше малку подалеку почна да брза кон него и да се обидуваа да ги скршат прозорците. Но, потоа тој повторно притисна на гаста и само продолжи да и не застана. Беше ужасно. Можеше да се чуе тропањето додека ги прегазуваше луѓето, нагласи Хари Рашид.

Би можело да ве интересира

Скандал во Британија: Тони Блер обвинет за заштита на војници осомничени за воени злосторства во Ирак

Британската влада e обвинета за блокирање на објавувањето на документите на поранешниот принц Ендру

Легендата на Ливерпул се бореше за живот: Страшно искуство, ама сега сум уште посилен

А1он

Британската влада бара пари од Роман Абрамович од продажбата на Челзи

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Инцидент на лет кон Скопје: Словачки навивач e приведен, на десетмина им е забранет влез во Македонија

Горан Наумовски