Британија распореди системи за воздушна одбрана „Стормер“ на Кипар

Од:

Британските вооружени сили распоредија системи за воздушна одбрана „Стормер“ на Кипар за да ја зајакнат воздушната одбрана на медитеранскиот остров, објави денес британското Министерство за одбрана.

Системите за воздушна одбрана „Стормер“ со голема брзина, опремени со ракети земја-воздух „Старстрајк“, беа распоредени откако британските сили пресретнаа 14 дронови во тој дел од Медитеранот, објави „Сајпрус меил“.

Системот за воздушна одбрана е дизајниран да се спротивстави на брзи, нисколетачки непријателски ракетни закани, вклучувајќи и дронови.

Ракетата „Старстрајк“, која лета со брзина поголема од 3 маха (3.700 километри на час) и користи систем за ласерско водење,

Таа е дизајнирана да ги неутрализира воздушните закани со минимално време на реакција, дури и во услови на електронско блокирање.

Распоредувањето е дел од зајакнувањето на британското воено присуство околу Кипар, кое се интензивираше откако беспилотно летало од иранско производство ја погоди базата Акротири претходно овој месец.

Во понеделник, британскиот разорувач „ХМС Драгон“ пристигна во водите покрај Кипар, а неговиот командант, Иан Грифин, рече дека е „исклучително горд на брзото распоредување и подготвеноста на екипажот“.

Бродот е опремен со ракетен систем „Си Вајпер“, кој може истовремено да следи повеќе воздушни закани и да пресретнува непријателски ракети, вклучувајќи беспилотни летала и хиперсонични ракети.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека се распоредени и дополнителни воздушни средства, вклучувајќи хеликоптери „Вајлдкет“ и „Мерлин“, заедно со специјализиран персонал задолжен за координирање на операциите за воздушна одбрана.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека безбедноста на Кипар е „фундаментална“ за Обединетото Кралство и дека британските бази на островот нема да се користат за офанзивни операции.

Би можело да ве интересира

Танкер погоден во Ормутскиот теснец

„Америка веќе подготвува нови воени напади врз Иран овој викенд, а целта е иранскиот подземен комплекс“

Катерина Ѓуровски

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Блискиот Исток на раб на нова ескалација: Продолжуваат судирите меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повторно одмазда со ракетен напад, Техеран тврди дека уништил авиони Ф-35

Предраг Петровиќ

Три експлозии го потресоа островот Кешм во Иран, ракета погоди станбена зона