Обвинителство во Хановер ќе покрене обвинение против поранешниот претседател Кристијан Вулф

Од:

Обвинителството во германскиот град Хановер ќе покрене обвинение за корупција против поранешниот германски претседател
Кристијан Вулф, изјавија денеска истражителите, цитирани од ДПА.

Истражителите тврдат дека Вулф прифатил да отседне во луксузниот хотел на филмскиот продуцент и негов пријател Давид Гроневолд, кому му помогнал со тоа што во компанијата „Сименс“ лобирал да му финансира филм.

Обвиителството одлучи да покрене обвинение откако Вулф одби да прифати вонсудска спогодба за случајот.

Судот сега треба да оцени дали обвинението е доволно за да почне процес против поранешниот претседател.

Вулф беше принуден да ја напушти функцијата во февруари 2012 година заради тврдењата дека прифатил услуги од пријатели.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад