Обвинението против главниот осомничен за силувањето на Медлин МекКен е отфрлено

Од:

Судот во германскиот град Брауншвајг ги отфрли обвиненијата за силување против Кристијан Брукнер, официјално осомничен за исчезнувањето на Медлин МекКен, изјави денеска неговиот адвокат.

Одлуката значи дека властите во Брауншвајг не се надлежни за случајот на Меди. Станува збор за британско девојче кое исчезнало во Португалија во 2007 година на тригодишна возраст, објаснил адвокатот Фридрих Филшер во е-маилот до Ројтерс.

Германските обвинители минатата година објавија дека го обвиниле Брукнер за силување и сексуално злоставување деца во Португалија од 28 декември 2000 година до 11 јуни 2017 година.

Потврдувајќи го извештајот на Билд, Филшер рече дека судот во Брауншвајг одлучил дека нема јурисдикција во случајот и дека го откажал налогот за апсење на Брукнер. Обвиненијата не се директно поврзани со случајот МекКен.

Брукнер, осуден за злоупотреба на деца и шверцер на дрога, е во затвор во Германија за силување на 72-годишна жена во истиот дел од португалскиот регион Алгарве каде исчезна Медлин. Тој беше официјално идентификуван како осомничен во случајот МекКен минатата година.

Филшер не кажа дали Брукнер ќе биде ослободен или дали одлуката на судот ќе влијае на тоа. Германската полиција објави во јуни 2020 година дека Медлин се претпоставува дека е мртва и дека Брукнер најверојатно е одговорен. Тој тоа го негира и не е обвинет во врска со тоа.

Би можело да ве интересира

„Светот верува дека ја убив Меди, но не го сторив“: Откриени писма на осомничениот за исчезнувањето на Медлин МекКен

Британската влада одобри екстра пари за да се продолжи истрагата за исчезната Медлин МекКен

Горан Наумовски

Голема потрага по Медлин МекКен, се пребаруваат брана и езеро во Португалија

Ана Ололовска

ДНК тестовите утврдија: Јулија Вендел не е Медлин МекКен

Горан Наумовски

Девојката која тврди дека е Медлин МекКен во ТВ емисија откри на што се сеќава од детството

Предраг Петровиќ

Софтверот за препознавање лице даде „90% сигурен“ резултат за девојката која тврди дека е Медлин МекКен

Предраг Петровиќ