Британската влада одобри екстра пари за да се продолжи истрагата за исчезната Медлин МекКен

Од:

Британската полиција за потрагата по исчезнатото девојче Медлин МекКен доби дополнителни 110.000 фунти за нивната макотрпна истрага.

Информацијата дека Скотланд Јард доби дополнителни пари од британската Влада се појави во моментот кога на езеро во Португалија почна првата голема потрага по девојчето во последните девет години. Полицијата претходно побара дополнителни средства во средината на тековната финансиска година за продолжување на истрагата.

– Министрите одобрија барање до 110.000 фунти за продолжување на истрагата. Барањето е разгледано согласно процедурата на специјалниот грант кој се одобрува на годишно ниво – соопшти портпаролот на полицијата.

Помошта од владата е топло добредојдена и за Кејт и Гери МекКен, кои пред три недели трогателно ја одбележаа 16-годишнината од исчезнувањето на нивната ќерка.

Одобрената сума, пак, е намалена за две третини во однос на претходната година. Официјалните лица претходно го одобрија барањето за распределба на 302.470 фунти во текот на финансиската година 2022-2023. Истрагата за исчезнувањето на Медлин веќе го чинеше даночниот обврзник повеќе од 13 милиони фунти откако беше покрената пред 12 години.

Германски детективи, поддржани од португалските полицајци, го пребаруваат езерото и околината на браната, на речиси 50 километри од местото каде што тригодишното девојче исчезна во мај 2006 година.

Според британските медиуми, Кејт и Џери ќе ја информираат јавноста за секој чекор од новата истрага. На последната тажна годишнина, родителите на исчезнатото девојче изјавија дека „полициската истрага продолжува“ и дека „чекаат новост“.

Додека полицајците ја пребаруваат областа, која главниот осомничен Кристијан Брукнер ја опиша како негов „мал рај“ во Португалија, Кејт и Гери ќе останат дома во Ротли, Лестершир, со нетрпение очекувајќи каква било вест. Тие одбиваат да веруваат дека нивното дете е мртво додека не се најдат нејзините останки.

Би можело да ве интересира

„Светот верува дека ја убив Меди, но не го сторив“: Откриени писма на осомничениот за исчезнувањето на Медлин МекКен

Голема потрага по Медлин МекКен, се пребаруваат брана и езеро во Португалија

Ана Ололовска

Обвинението против главниот осомничен за силувањето на Медлин МекКен е отфрлено

Ана Ололовска

ДНК тестовите утврдија: Јулија Вендел не е Медлин МекКен

Горан Наумовски

Девојката која тврди дека е Медлин МекКен во ТВ емисија откри на што се сеќава од детството

Предраг Петровиќ

Софтверот за препознавање лице даде „90% сигурен“ резултат за девојката која тврди дека е Медлин МекКен

Предраг Петровиќ