Заменик началникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за Украина Александер Хаг, предупреди денеска на загрижувачко ширење на судирите во источна Украина.
Тој во својот неделен извештај за ситуацијата на истокот на земјата, наведе оти има впечаток дека судирот се шири.
Бунтовите на сепаратистите на истокот, кои ги поддржува Русија, ја создадоа најголемата криза во односите меѓу Русија и западните земји, од крајот на Студената војна.
Украинците оваа недела фатија и уапсија двајца војници, за кои рекоа дека се Руси кои убиле украински војници.
Хаг денеска наведе дека ги посетил затворениците, кои рекоа дека претходно биле во Украина на извидувачка мисија од Русија.
– Биле вооружени, но немале наредба да нападнат, а еден од нив повеќепати нагласи дека руските војници не учествуваат во борбите во украина, се наведува во извештајот на ОБСЕ.
Еден украински војник е убиен во најновиот напад на сепаратистите, а осум се повредени, соопштија властите од Киев.