ОБСЕ: Контакт групата за Украина постигна договор по три основни прашања

Од:

Контакт групата за Украина постигна договор по три основни прашања, изјави портпарол на Организацијата за соработка и безбедност во Европа (ОБСЕ).

– Страните се договорија за прекин на огнот, повлекување на војските и размена на заробениците, а освен тоа бил постигнат договор и за испраќање хуманитарна помош во источниот дел на Украина, потврди портпаролот.

Во понеделник украинските власти ќе преговараат со лидерите на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“ преку конференциска врска, на која веројатно ќе биде разгледано прашањето за размена на заробениците. Се очекува тогаш да биде разговарано и за создавање хуманитарни коридори и пунктови за собирање на хуманитарна помош.

Рускиот амбасадор во Украина, Михаил Зурабов изјави дека ќе биде формирана специјална структура за набљудување и контрола на примирјето.

ОБСЕ планира двојно да го зголеми своето присуство во Украина за набљудување на примирјето и на руската граница, соопшти организацијата. Таа денеска најави нови 250 слободни места за полицајци, војници и граничари, кои ќе бидат распоредени во Украина како невооружени набљудувачи. Моментно ОБСЕ има 231 набљудувач во Украина.

На средбата на Контакт групата не било разгледано прашањето за идниот статус на двете самопрогласени републики.

Би можело да ве интересира

Украина итно испраќа резерви во регионот Харков за да ја запре руската офанзива

Украина: Русија изврши комбиниран напад со дронови и ракети, двајца се повредени во Харков

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков