ОБСЕ: Клучно е да се зајакне лидерската улога на жената

Од:

Улогата на жените лидери, особено во градењето на мирот и спречувањето конфликти, е клучна во постигнувањето просперитетни и мирни општества и гаранција за зајакнување на нашите демократии, соопштија официјални претставници на ОБСЕ по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената.

Тие укажаа на потребата да се засилат напорите и да се зголемат ресурсите со цел зајакнување на лидерството на жените.

Тие исто така ја подвлекоа клучната улога на жените во обезбедувањето закрепнување после Ковид-19.

– Економското зајакнување на жените и девојчињата е од суштинско значење за нивно значајно вклучување и еднакво учество во процесите на донесување одлуки, вклучително и решавање на конфликти и градење на мир. Промовирање на женското лидерство е важен аспект кога сакаме да го зголемиме целосното и ефективно учество на жените во процесите на донесување одлуки. ОБСЕ мора да игра важна улога во своите напори за зајакнување на женското лидерство во нашите општества, рече претседавачот со ОБСЕ, шведската министерка за надворешни работи Ан Линде.

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит истакна дека рамноправно учество на жените во справувањето со пандемија е поважно од било кога.

„Ние мора да дадеме приоритет на напорите за унапредување на женското лидерство, преку професионално обучување и менторство, преку поддршка на женски мрежи за градење мир и преку обезбедување на родово чувствително работно опкружување, рече Хелга Шмит.

Официјални претставници на ОБСЕ подвлекоа дека родовата еднаквост е предуслов за инклузивен мир, одржлив економски развој и демократско управување.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

A1on

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

A1on