Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска изрази жалење поради одлуката на Русија да стави вето на продолжувањето на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина.
Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ е во Украина од 2014 година, од почетокот на конфликтот меѓу тамошните власти и сепаратистите поддржани од Русија во источните региони на земјата по руската анексија на Крим.
Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, кој претседава со ОБСЕ оваа година, рече дека набљудувачите одиграле клучна улога во обезбедувањето објективни информации за безбедноста и хуманитарната ситуација и во ублажувањето на ефектите од конфликтот врз цивилното население.
Генералниот секретар на ОБСЕ со седиште во Виена, Хелга Марија Шмид, изрази благодарност до членовите на мисијата, од кои неколку беа ранети или убиени во последните години.
Извор: МИА